За 79 отсто намален бројот на бегалци и мигранти на грчките острови

Од:

Бројот на бегалци и мигранти згрижени на грчките острови во декември 2021 година се намалил за 79 отсто, во споредба со една година претходно, а на целата територија на Грција, намалувањето за истиот период е за 49 проценти, согласно податоците од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголемо намалување, за 96 отсто има на Лерос, а потоа следат островите Самос и Хиос со 88 проценти, Лезбос со 78 проценти и Кос со 34 отсто.

Според истите податоци, во 2021 година бегалските и мигрантските бранови на островите биле намалени за 58 проценти, споредбено со 2020 година.

Грчкиот министер за миграција и азил, Нотис Митаракис, изјави дека пред две години нивната цел била намалување на брановите и намалување на последиците од миграциската криза врз локалните заедници.

-Денеска, две години подоцна, опипливите резултати од оваа политика ни овозможуваат да ги погледнеме граѓаните во очи. Брановите остануваат стабилно ниски, а празнењето се применува во пракса и на островите и во континентална Грција каде што затворивме 86 објекти, а постоечките центри работат со половина од капацитетите. Во 2022 година, акцентот го ставаме на големите градови, Атина и Солун, заедно со надлежните министерства, во рамките на конкретните активности. Продолжуваме решително и посветено за да го завршиме националниот систем за прием на бегалци и мигранти, истакна Митаракис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе