Вулин: Србија не припаѓа во ЕУ, пријателството со Русија е од најголемо значење

Од:

Во интервју за „Вечерње новости“, министерот за внатрешни работи и лидер на Социјалистичкото движење на Србија, Александар Вулин, прашан за отвореното барање од Брисел, Србија да воведе санкции кон Русија и да го признае Косово, порача дека Србија треба што поскоро да прифати дека не сака, а и не може да влезе во Европската унија (ЕУ) и дека таму нема место за земјата.

Тој додаде дека односот кон ЕУ не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки.

„Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, прашањето е дали ЕУ ја сака Србија“ – рече Вулин.

„Судејќи според лудите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не не сакаат“, изјави Вулин.

Тој тврди дека ЕУ како сојуз е минато, бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ станаа територии, а не држави.

„Верувам дека пријателството со Русија е од најголемо значење и дека без него ризикуваме физичко исчезнување на Србија“ – рече Вулин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски