Вулин: Или тие ќе осигураат безбедност за посетата на Вучиќ или ние

Од:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денес истакна дека секоја наредба од претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе биде извршена. Тој додаде дека доколку Вучиќ ќе донесе одлука да го посети Косово доколку е безбедно, а посетата ќе биде по планот кој претседателот ќе го одобри.

– Ако претседателот Вучиќ донесе одлука да го посети Косово и Метохја, посетата ќе биде безбедна и по план одоборен од претседателот. Неговата безбедност ќе ја овозможат органите на Косово и Метохија или ние ќе го направиме тоа. Изборот е на Албанците, како и на КФОР и ЕУЛЕКС, изјави Вулин.

Српскиот претседател Вучиќ денес одлучи да не се сретне со албанските претставници во Брисел, иако тоа беше планирано, а негоата посета на Косово овој викенд и понатаму е неизвесна, поради низата провокации на линија Белград-Приштина.

Вучиќ утрово се сретна со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, со која што разговараше повеќе од два часа, но откажан беше состанокот со Хашим Тачи и доведени се во прашање преговорите.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски