Вук Драшковиќ: Во замена за слобода Раде Марковиќ ќе ги открие убијците на Славко Чурувија

Од:

Поранешниот шеф на српската Државна безбедност Радомир Марковиќ, кој е осуден на единствена затворска казна од 40 години поради убиство на четворица членови на Српското движење за обнова (СПО) на Ибарската магистрала и на Иван Стамболиќ, ќе биде ослободен бидејќи се нуди како сведок-соработник во убиствата на новинарите Славко Чурувија, Радислава-Дада Вујасиновиќ и Милан Пантиќ и поранешниот оперативец во Државната безбедност Момир Гавриловиќ, тврди лидерот на СПО Вук Драшковиќ на својот профил на „Твитер“.

– Марковиќ детално ќе опише кои се убиства ги организирал, а злосторствата за кои е осуден ќе бидат фрлени под нозе и убиецот ќе биде ослободен. Генијална стратегија на безбедносните служби: Гебелсот на Милошевиќ да се ослободи, а како единствени виновници да се означат Слободан Милошевиќ и неговата сопруга Мирјана Марковиќ. Милошевиќ е мртов, а Мирјана е руска државјанка, недостапна за српското судство. Според ова сценарио, на слобода може да бидат и Легија и сите други убијци, напиша Драшковиќ, кој е единствениот преживеан во инцидентот на Ибарската магистрала.

Тој нагласи дека во подготовката на овој потфат е изменет и Законот за кривична постапка, „а следува уште една измена за да може Марковиќ да излезе на слобода оваа година“.

Од друга страна, сопругата на поранешниот шеф на Државната безбедност Иванчица Марковиќ за весникот „Блиц“ изјави дека не знае дали нејзиниот сопруг ќе ги открие убијците и нарачателите.

– Се сомневам дека мојот сопруг знае за тоа, бидејќи во саботата бев кај него во затвор и ништо не ми кажа. Дури и пред малку разговаравме. Раде одби слична хашка понуда. Од се срце би сакала да излезе, макар и како сведок-соработник. Но се сомневам дека има да каже нешто ново, бидејќи тоа би го направил досега. Раде веќе беше во затвор кога се убиени Гавриловиќ и Пантиќ, а кога беше убиена Дада Вујасиновиќ тој во полицијата беше помошник за информатика, додава сопругата на Марковиќ.

Во Кривичниот закон, кој треба да стапи во сила во октомври, укината е одредбата некој кој е осуден на 40 години затвор да може да стане сведок-соработник. Откако е Марковиќ во затвор, од крајот на 2001 година, имал повеќе неформални понуди да биде сведок-соработник.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија