Вујановиќ до Харадинај: Демаркацијата на границата помеѓу Црна Гора и Косово е завршена работа

Од:

Договорот за демаркација на црногорско-косовската граница за Црна Гора е завршна работа, му порача на косовоскиот премиер Рамуш Харадинај, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ за време на неговата посета на Албанија.

На прес-конференцијата со албанскиот претседател Илир Мета, Вујановиќ кажа дека Договорот е ратификуван во Црна Гора, дека има поддршка од мнозинството во Косово и дека сега тоа е внатрешно косовско прашање.

– Договорот е завршен. Ратификуван е во Црна Гора и има мнознство во Косово. Тоа сега е внатрешно прашање на Косово. Треба да се има во предвид дека ова прашање е услов од Брисел за Косово. Што побрзо да се реши оваа работа. Секако, Косово ќе го реши тоа како што треба, посочи Вујановиќ.

Албанскиот претседател Мета беше праша за изборот на нов државен јавен обвинител во земјата, откако на актуелниот Адриатик Лала му истече мандатот.

– Тоа е одговорност на извршната власт и на Парламентот на Албанија. Како Претседател сакам да нагласам дека станува збор за многу значајна институција, клучна во правосудството и затоа треба да се почитува Уставот, посочи Мета.

Тој додаде дека главните политички актери треба да седнат на итен и отворен дијалог, заснова на транспарентни стандарди и да најдат решение за ова прашање.

– Секој едностран чекор нема да придонесе за консолидација на независноста на институциите и зголемување на довербата во судските органи, нагласи Мета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов