Вучиќ: Србија во ЕУ без нарушување на односите со Москва

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска во Москва дека Србија сака да стане дел од ЕУ, но дека не сака да ги нарушува односите со Русија.

Вучиќ по средбата со рускиот премиер Дмитриј Медведев во Москва, нагласи дека во врска со проектот „Јужен поток“ останале уште само техничките прашања, кои, како што рече „брзо се затвораат“.

Рускиот премиер изјави дека двете земји се подготвени наскоро да потпишат спогодба за „Јужен поток“.

Медведев нагласи дека „Јужен поток“ е приоритетен проект за Русија и тоа станало очигледно и во контекст на случувањата во Украина.

Вучиќ додаде дека Србија ги поддржува сите мировни иницијативи на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Украина.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија