Вучиќ со двојно повисок рејтинг од Дачиќ

Од:

Потпретседателот на српската Влада, Александар Вучиќ ужива најголема поддршка кај граѓаните на Србија.

Според најновата анкета на Меѓународниот институт за безбедност и Центарот за европски студии за безбедност од Холандија, тој води со повеќе од 20 проценти од актуелниот премиер Ивица Дачиќ.

Според реузлтатите Александар Вучиќ е најпопуларен политичар со 42 отсто, Томислав Николиќ со 26 отсто, Ивица Дачиќ со 15, Борис Тадиќ со 11 отсто и Драган Ѓилас со девет отсто од освоените гласови на анкетата.

Александар Вучиќ е и политичар со најмалку негативни поени. Дури 60 отсто од анкетираните одговориле дека тој треба да биде премиер на Србија , додека премиерот Дачиќ добил „поддршка“ од 16 отсто.

53 отсто од испитаниците се изјасниле дека сакаат да се оддржат предвремени парламентарни избори.

Доколку тие би се оддржале сегам најмногу гласови би освоила СНС (А.Вучиќ) со 38,6 отсто, ДС 15,2 отсто, СПС 9,4, ЛДП 6,2, а ДСС 5,3 отсто.

Вучиќ симпатиите ги привлече со честите и агресивни настапи за борба против корупцијата и српските олигарси, како и со носењето на странски инвестиции од арапските земји.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија