Вучиќ: Разговорите со Рама и Мустафа ќе бидат тешки

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека нема намера да ги коментира провокациите од албанските политичари, бидејќи за Србија е важно да биде столб на стабилноста и оти секогаш ќе има рационален и одговорен пристап.

– Од мене нема да слушнете лоши зборови за нив, херојски изјави за внатрешна употреба, туку рационален пристап, изјави Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека Албанија и Косово ќе се обединат.

Тој додаде дека разговорите со албанскиот претседател Рама и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе бидат тешки, но дека нивна работа е да разговараат и да доаѓаат до решенија.

– Наша работа е да градиме патишта и мостови, а не да ги уриваме, и Србија тоа ќе продолжи да го прави, но ќе знае да ја сочува својата земја, територија, национална гордост и достоинство, порача Вучиќ, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски