Вучиќ му подготвил симболичен подарок на Трамп

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот американски колега Доналд Трамп ќе му подари златник од Народната банка на Србија со ликот на Никола Тесла.

Овој подарок е со важна симболика, бидејќи носи лик на човек кој бил познат по своите револуционерни откритија во областа на електротехниката и радиотехниката и кој претставува важна врска меѓу САД и Србија, пренесе Новости.

Претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Александар Вучиќ, ќе се сретнат попладнево во 17 часот по средноевропско време, соопшти американската амбасада во Белград.

Најавено е дека американскиот претседател денеска во Овалната соба одвоено ќе се сретне со Вучиќ и со Хоти, ќе присуствува на церемонијата за потпишување на договорот, а потоа ќе учествува и во трилатералната средба.

Како што објави приштинската телевизија Клан Косова, договорот предвидува спроведување на проектот „Мини-Шенген“, на кој претходно Приштина се спротивстави, мораториум на членството на Косово во меѓународните организации во времетраење од една година, но и проекти во вредност од 13 милијарди долари кои треба да донесат економски развој во двете земји.

По средбата во Белата куќа, Вучиќ и Хоти ќе имаат одделни средби и со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.

По вчерашните разговори, Вучиќ изјави од Србија дека било побарано да потпише документ со кој се признава Косово, но дека тој не сака воопшто да разговара за тоа, додека Хоти рече дека за косовската делегација не постои друга тема освен признавањето на Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Многу ме погоди што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница

Катерина Ѓуровски

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена