Вучиќ: Потпишани сите четири договори со Косово,се формира Заедница на српски општини

Од:

Српскиот премер Александар Вучиќ изјави дека денеска во Брисел се потпишани сите четири договори за Заедницата на српски оштини на Косово, за енергетика, за телекомуникации и за мостот на Ибар во Косовска Митровица, оценувајќи ги како добри договори што гарантираат безбедност и опстанок на Србите на Косово.

– Вечерва е воспоставена Заедница на српски општини. ЗСО ќе има широки овластувања, претседател, потпретседател, собрание, совет, грб и знаме. Ќе може да се финансира од Србија, и тоа е недвосмислено кажано дека Србија има право на тоа, нагласи Вучиќ во изјава за РТС.

Според Вучиќ делегацијата на Србија завршила добра работа и дека сите договори ќе бидат објавени. Според него, сега нема никакви препреки да се отвори првото поглавје во преговорите со ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го оцени денеска потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина како значајно достигнување во процесот на нормализирање на односите.

– Четирите договори потпишани по долгите целодневни разговори меѓу Србија и Косово се значајно достигнување во процесот на нормализација, објави Могерини на својот Твитер профил.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски