Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Денот на победата најави дека ќе оди во Моксва и покрај острите предупредувања и закани од ЕУ.

„Постои период на огромна дипломатска активност, како и голем притисок поради настаните во Москва и победничката парада на 9 мај, односно 80 години од победата над фашизмот, во која најавивме учество на една единица на српската армија. Најверојатно ќе патувам во САД, ќе имам средба со сите европски официјални лица, ќе имаме свој самит во Севиља, самит во Тирана, ќе имаме самит во Рим, сето тоа во следните два месеци, многу е, па ќе видиме како ќе изгледа сè, во секој случај. Сепак ми се чини дека небото ќе ми падне на глава од притисокот за одењето во Москва, иако никого не излажав, го најавив моето заминување во Москва пред осум месеци, затоа што до тогаш веќе две и половина години не сум бил таму. Поминаа значително време, повеќе од три години, од 21 ноември откако не сум се сретнал официјално со претседателот на Руската Федерација, за разлика од многу европски лидери“, рече тој.

Србија даде значаен придонес во борбата против фашизмот, на што сме горди, рече тој. Ние сме горди на нашата борба против фашизмот и тоа е клучната причина зошто ја прифатив покана, рече тој.

“Не знам што ќе одлучи некој друг и какви ќе бидат санкциите. Не ја сменив мојата одлука, подготвен сум цело небо да ми падне на главата. Ќе видиме уште колку ќе издржам. Ќе биде интересно”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Познат генерал пронајден мртов

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on