ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Од:

Полицаец утрово беше застрелан на автопатот кај излезот Шмартно во Словенија, во правец кон Горенска. Напаѓачот, 21-годишен словенечки државјанин, му го одзел службениот пиштол и побегнал со полициското возило, но набргу потоа бил уапсен во Радовљица. Ранетиот полицаец е надвор од животна опасност, соопшти љубљанската полиција.

Според првичните информации, сообраќајните полицајци утрово нешто пред 9 часот на автопатот кај излезот Шмартно запреле возач кој претходно предизвикал сообраќајна несреќа на љубљанската обиколница и побегнал во правец кон Крањ.

За време на полициската постапка, возачот му го одзел службениот пиштол на еден од полицајците и пукал во него. На повредениот полицаец му била укажана прва помош, по што бил пренесен во болница. Од полицијата потврдиле дека не е животно загрозен.

Во инцидентот нема други повредени. По нападот, осомничениот го украл полициското возило и продолжил да бега кон Горенска.

Полицијата го лоцирала бегалецот во близина на Лесце, по што по потера бил уапсен во Радовљица. Станува збор за 21-годишен словенечки државјанин, кому му е одреден притвор.

Криминалистите и полицајците вршат увид и собираат информации за сите околности на настанот. Мотивот за нападот засега не е познат, а полицијата поради текот на истрагата не открива дополнителни детали.

На терен се и полициски тимови со кучиња, кои го пребаруваат подрачјето покрај автопатот во потрага по докази. На еден паркинг, кој е ограден со полициска лента, криминалистите го прегледуваат возилото за кое се претпоставува дека е украденото полициско возило.

За време на полициската акција во Радовљица, од превентивни причини биле затворени основно училиште, градинка, здравствен дом, општинската зграда, две средни училишта и повеќе продавници. Во меѓувреме, состојбата се нормализирала.

Од основното училиште во Радовљица потврдиле дека полицијата ги известила оти опасноста е завршена и дека наставата се одвива според распоредот. Од училиштето појасниле дека заканата била во близина на училиштето, а не во самата зграда.

Поради увидот, автопатот кон Јесенице е затворен на делницата меѓу Косезе и Шмартно, што предизвикало големи сообраќајни гужви кои се протегаат до западниот дел од љубљанската обиколница.

Возачите се повикуваат да ја следат сообраќајната сигнализација и упатствата на полицијата. Надлежните служби работат на што побрзо нормализирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Н1 одби да го прими Вучиќ во предизборна програма, жестоки реакции и обвинувања за цензура

Предраг Петровиќ

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

(ВИДЕО) Ескалација во Албанија: Демонстрантите запалија министерство и полициска станица во Тирана