Вучиќ и Лавров го потврдија српско-рускиот договор за стратешко партнерство

Од:

Билатералните односи, енергетско-гасната и воено-техничката соработка, заедничките инфраструктурни проекти беа во фокусот на денешните разговори во Белград меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Лавров на прес конференцијата изјави дека на разговорите е потврден договорот за Стратешко партнерство, притоа ја поздрави избалансираната политика и воената неутралност на Србија, како и непридружувањето на санкциите кон Русија.

– Резолуцијата на СБ на ОН за Косово треба да биде основ за сите можни договори со Приштина, а ЕУ како посредник треба да има практични резултати, да не е пристрасна и да го совлада саботирањето на Приштина, вклучително и околу формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), а Русија ќе го подржи она решение за Косово, кое ќе и одговара на Србија, изјави рускиот шеф на дипломатијата.

Тој високо ја оцени соработката меѓу СПЦ и РПЦ, бидејќи во „темелот на ова соработка е одбраната на православните вредности“.

Српскиот претседател ја потврди стратешката определба на Србија за развој на соработката со Русија на сите можни полиња, како и за јакнење на воено-техничката соработка.

-Разговаравме и за состојбата во регионот, многу можев да научам од Лавров, но ги изнесов и нашите ставови околу состојбата во регионот и ја изнесов својата лична загриженост за состојбата и се надевам дека сите заедно ќе имаме разум и сила, сите проблеми и недоразбирања да ги решаваме по мирен пат, преку дијалог – што е трајна определба на Србија, кажа Вучиќ.

На новинарско прашање за диверзификација на гасот на Србија, Вучиќ најави дека српскиот дел од гасоводот „Турски тек“ ќе биде отворен до 30 декември, додавајќи дека „го изградивме нашиот гасовод, кој дефинитивно ни е потребен и тој ќе биде поврзан со Бугарија, бидејќи досега уште немам видено поевтин гас од рускиот“.

-Да се откажам од набавка на руски гас, јас не сум будала ниту ќе дозволам такво понижување на мојата земја. Ќе го отвориме нашиот гасовод до крајот на годината. Што му е гајле не некој каде ние ќе го градиме гасоводот. Нема белким некој да ни забранува на наша земја да ставаме цевки. Ќе купиме најевтин и најдобар гас. Нема да плаќаме рекет на никого во светот и да плаќаме двојно повеќе затоа што тоа на некој му се допаѓа, кажа Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена