ВИДЕО: Вучиќ и Хоти го потпишаа економскиот договор во Белата Куќа

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти во Вашингтон го потпишаа економскиот договор меѓу Приштина и Белград, кој беше предложен во разговорите водени со посредство на американските власти и лично на претседателот Доналд Трамп.

Како што пишуваат српските медиуми, договорот предвидува Приштина да се приклучи на иницијативата за „Мини Шенген“, а со тоа без одлагање треба да се започне со изградба на нови патишта и железнички пруги, што подобро ќе го поврзе регионот, додека во Белград ќе биде отворена канцеларија на Американскиот фонд за развој.

Во договорот, двете страни се согласија да работат заедно со Министерството за енергетика на САД и други институции на американската Влада за изработка на физибилити студија што треба да ги користи енергетските ресурси на езерото Газивода.

По потпишувањето на договорот, Вучиќ и Хоти ги проследија нивните примероци до американскиот претседател Трамп, кој го стави својот потпис. Трамп изјави дека Белград и Приштина се посветени на економската нормализација и дека е постигнат чекор напред кон економската соработка.

Претставникот на Трамп за дијалог меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, рече дека агендата на состанокот се концентрира првенствено на економските прашања како создавањето на нови работни места во регионот и реализацијата на конкретни договори што ќе овозможат доаѓање на западните компании во двете балкански земји.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски