Вучиќ денеска ги почнува консултациите за составот на новата српска Влада

Од:

Лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ, кој го доби мандатот да ја состави новата српска Влада, денеска ќе ги почне консултациите со партиите застапени во српскиот Парламент, информира Танјуг.

Вучиќ прво ќе разговара со претставниците на Социјалистичката партија на Србија и на Единствена Србија. Тој со нив ќе разговара за развојот и напредокот на земјата и ќе ги претстави главните точки од програмата на новата влада.

Пратениците во српскиот Парламент вчера со мнозинство гласови за претседател ја избраа Маја Гојковиќ од Српската напредна партија. Парламентот избра и шестмина заменик претседатели.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија