Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус е во Србија, многу сум уплашен

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост поради снабдувањето со вакцини против Ковид-19.

Тој за ТВ Прва истакна дека разговарал со светските пријатели за набавка на нови количества вакцини.

– Денес е потешко да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје, изјави српскиот претседател.

Вучиќ очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе.

– Во светот сме деветти, но мислам дека можеме да бидеме дури и шести во следните три дена, нагласи Вуќиќ.

Според него, Србија водела паметна и одговорна политика по прашањето за пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека „во спротивно ќе се загубеле илјадници животи“.

Вучиќ додаде дека Србија преку програмата КОВАКС добила нула вакцини, како и сите земји во регионот, бидејќи постои проблем во дистрибуцијата на вакцини во земјите од ЕУ токму преку таа програма.

– Добивме нула вакцини и веројатно ќе добиеме еден ден нешто. А без програмата КОВАКС набавивме 1.500.000 вакцини и ќе обезбедиме уште, нагласи српскиот претседател за ТВ Прва.

Вучиќ најави дека Србија сака да ја набави и вакцината на Астразенека.

„Сите оние кои примија вакцина, ќе добијат и ревакцина, истата која ја примиле. Ние сме сериозна земја“, рече тој.

Српскиот претседател го пофали и системот преку кој се спроведува вакцинацијата, се знае кој, каде и со која вакцина ќе биде имунизиран, како и кога е терминот за вакцинацијата.

Потсети дека Србија успеала да изгради две ковид болници во рекорден рок.

„Први по број на вакцинирани се Ниш, Кикинда, Крушевац, а Белград е петти или шести. Повеќе има мажи отколку жени. Се уште не сум одлучил кога ќе се вакцинирам. Јас би се вакцинирал со кинеската“, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија извести и дека новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар.

– Патничка од Лондон, која беше негативна на PCR-тестот, го донесе тој вид, нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми, истакна Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека ги испитале сите контакти на таа жена и се обиделе да ги изолираат.

– Ги следевме сите контакти, ги изолиравме и денеска можеме со надеж да кажеме дека ќе го спречиме, ако тоа ни се случи, ќе ни биде пекол. Многу сум уплашен, кажа Вучиќ, додавајќи дека вирусот е откриен на институтот Торлак.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов