Враќањето на Шешељ ќе ја вознемири СНС

Од:

Аналитичарот Цвијетин Миливојевиќ оцени дека обединетата опозиција на Демократска партија не може да постигне многу против владата, но дека враќањето на лидерот на радикалите Воислав Шешељ од Хашкиот трибунал може да ја вознемири Српската напредна партија.

-Опозицијата за да направи промени, освен коалицијата со Либерално демократска партија и ДС, потребно е тука да има и помали партии како Заедно за Србија, Нови партии, Лиги на социјалдемократи на Војводина, а можеби и Обединетите региони на Србија-изјави тој.

Според неговите зборови, дури и тука постои проблем, бидејќи тие партии имаат ист дом-Демократска партија, па тоа може да доведе до несогласување околу избор на лидерот на обединетите опозиции. Претседателите на ДС и ЛДП, Драган Ѓилас и Чедомир Јовановиќ вчера разговарале и за таа можна соработка.

-Ниту така формирана коалиција не може да ја урне оваа власт, бидејќи оние граѓани кои што размислуваат национално немаат за кого да гласаат, а Демократската партија на Србија ги пропушти можностите кои што ги имаше –додаде Миливојевиќ.

Тој нагласи дека прашањето за Косово покажа дека граѓаните немале алтернатива, но дека доколку се врати Шешељ, тогаш СРС може сериозно да и парира на СНС.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on