Вонредна седница на словенечкото Собрание за интерпелацијата за министерот за економија

Од:

Словенечкото Собрание на специјална седница во четврток ќе расправа по интерпелацијата за министерот за економија Здравко Почивалшек, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Интерпелација ја поднесоа сите парламентарни опозициски партии, кои го обвинуваат министерот за системска корупција, а одговорност бараат од него, но од и целата влада.

Според словенечките медиуми, позицијата на Почивалшек засега е сигурна, бидејќи коалициски партнери во владата на Јанез Јанша веќе објавија дека го поддржуваат и ќе сторат се тој да остане на функцијата.

Почивалшек е во центарот на скандалот околу набавката на заштитна опрема и респиратори во екот на епидемијата на коронавирусот.

Токму работата и министерот и аферата која ја објави словенечката државна телевизија беше повод за протестите кои секој петок се одржуваат во Љубљана и другите поголеми градови.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он