Во Загреб вонредна состојба поради грип

Од:

На клиниката за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“ во Загреб има вонредна состојба поради епидемија на грип каква што не е забележана цела деценија.

Сите пациенти примени на Клиниката се со тешко воспаление на белите дробови и се на респиратори. Се користат 18 респиратори.

Обемот на работа е трипати поголем од условите што ги има во болницата.

Како што наведуваат од Клиниката, таквата состојба трае веќе неколку дена, во амбулантите доаѓаат стотици луѓе, претежно млади.

Точен број починати од грип не може да се утврди, бидејќи повеќето умираат од разни компликации.

– Состојбата е драматична. Таква епидемија не сме имале од 2009 година, велат од болницата.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари