Во Свилајнaц илјада луѓе на катовите чекаат евакуација

Од:

Претседателот на општина Свилајнац, Предраг Милановиќ изјави денеска дека ситуацијата во тоа место, каде поплавите ги предизвика излевањето на реката Ресава, од синоќа е катастрофална и оти илјада луѓе на катовите чекаат евакуација, но не може да се дојде до нив, јави Танјуг.

– На улиците на градот има над еден метар вода, а во некои делови не може ниту да се пријде, во градот нема струја, вода за пиење, не работат фиксните телефони, рече Милановиќ.

Тој додаде дека повеќе стотини луѓе се евакуирани во текот на ноќта, но оти уште илјада чекаат евакуација.

Началникот на Секторот на Министерството за внатрешни работи за вонредни ситуации, Предраг Мариќ изјави денеска дека од Обреновац, каде ситуацијата со поплавите е најтешка до сега се евакуирани околу 800 луѓе.

Мариќ потврди дека во Обреновац едно постаро лице се води како исчезнато.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија