Во Србија годишно се краде струја во вредност од 80 милиони евра

Од:

Вредноста на украдената електрична енергија во Србија изнесува околу 80 милиони евра годишно, изјави денеска за националната телевизија РТС директорот на одделот за електрична енергија во „Електростопанство Србија“ Ненад Марковиќ.

Според Марковиќ за една година се крадат околу една милијарда киловатчаса електрична енергија, што е доволно за снабдување со струја на главниот град Белград во текот на еден месец.

Директорот истакна дека компанијата започнала масовна акција за откривање на крадците на електрична енергија и дека одсега се откриени 10.000 прекршители.

Компанијата откриените прекршители ги исклучува од мрежата и бара од надлежните институции кражбата на електрична енергија да се прогласи за кривично дело и да се казнува со казна затвор до три години.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија