Во Србија бремена жена почина од свински грип

Од:

На инфективната клиника КЦС од грип почина бремена жена (33) од околината на Белград, изјави за „Политика“ директорот на оваа установа др. Мијомир Пелемиш.

– И покрај сите напори на лекарите, за жал поради грип почина жена во петтиот месец од бременоста. На нашата клиника пристигна седмиот ден од болеста и во истиот момент беше приклучена на респиратор. Лабораториски е докажано присуството на Х1Н1, истакна Пелемиш.

Ова е втор смртен случај на грип оваа сезона во Србија, откако пред една недела на Воено-медицинската академија почина 34-годишен маж од Ужице.

Во моментот на Инфективната клиника нема други пациенти со тешки форми на грип, но Пелемиш вели дека претходно имало.

– Интересно е тоа што оваа година, иако нема епидемија на грип и нема голем број заболени, повеќето од заболените, доаѓаат со тешка клиничка слика. Тоа само докажува дека и натаму во Србија има мал број жители кои се вакцинираат против грип, иако вакцината е една превентивна мерка, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија