Во Србија 2.000 медицински работници на боледување поради коронавирус

Од:

Во Србија од досегашниот најсилен врв на коронавирусот десеткуван е здравствениот персонал, како во институциите во ковид-системот, така и во оние во кои се згрижуваат само не-ковид пациенти, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за здравство соопшти дека поради инфекција со коронавирусот 2.000 здравствени работници во моментов не работат, од кои 29 се на болничко лекување, а останатите се во изолација, односно на домашно лекување.

Професорот д-р Владимир Ѓукиќ, директор на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“, за „Новости“ изјави дека во оваа болница од 64 медицински сестри на хируршкиот оддел, дури 22 се болни.

-Една третина од медицинските сестри се болни од ковид, но за среќа симптомите се благи. Во понеделникот и двајца лекари од ова одделение пријавиле инфекција – изјави проф. Ѓукиќ.

Според него, скоро 90 медицински сестри, од кои 700 на ниво на целиот Клинички болнички центар во Белград, имаат ковид.

Во Србија постојат стравувања од зголемување на бројот на заболени поради почетокот на второто полугодие во образовниот систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов