Во Словенија запалена дрвена скулптура на Доналд Трамп

Од:

Во словенечкото место Моравче кое се наоѓа во близината на Љубљана беше запалена и изгоре осум метри високата дрвена скулптура на американскиот претседател Донал Трамп, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како што објави локалната противпожарна служба, нешто пред седум часот утрово добиле повик дека дрвена скулптура е запалена и гори во центарот на малото гратче.

Градоначалникот на Моравче Милан Балазиќ изрази жалење за уништувањето на скулптурата за која локалните власти веруваа дека ќе донесе многу туристи во општината. Според авторот на уметничкото дело Томаж Шчлегл, се работи за обична провокација.

Обид за палење на скулптурата на Трамп имаше и пред два дена, но тогаш пироманите не успеаја во својата намера.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он