Во Словенија уапсени 21 член на нарко мафија, запленети 160 килограми кокаин

Од:

Словенечката полиција уапсила 21 лице во акцијата која во медиумите е опишана како најголемата операција против мафијата во оваа земја, а притоа се запленети 160 килограми кокаин и 130 килограми марихуана, додека полицајците се уште трагааат по еден од осомничените.

Словенечкото истражно биро соопшти дека 21 лице е уапсено заради тоа што во Словенија, Бугарија, БиХ, Србија, Македонија и на Косово сториле околу 400 кривични дела, пренесе РТС, повикувајќи се на словенечките медиуми.

Шефот на полицијата во Копар, Томас Пешоља, изјави дека во текот на акцијата тие имале значителна помош и од Европол.

Во текот на акцијата, запленети се 160 килограми кокаин, 131 килограм марихуана, најмалку три парчиња оружје, додека во Бугарија е откриена штампарија за фалксификувани банкноти, што подоцна биле дистрибуирани ширум Европа.

Оваа група, исто така, е осомничена дека  на територијата на Словенија прошверцувала најмалку 50 лица.

Акцијата на словенечката полиција истовремено била спроведена во Копар, Изола и Пиран.
Словенечката полиција, се уште, трага по Шипрон Хоџај од Изола.

Како што пишува словенечкиот портал 24ур, меѓу осомничените е и некогашниот капитен на фудбалскиот клуб „Копар“, Ивица Губерац, кој наводно се наоѓа во Русија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он