Во Словенија се одржуваат локални избори

Од:

Над 1,7 милиони Словенци со право на глас денеска избираат градоначалници и општински советници во 212 општини во земјата.

Вкупно 703 лица се кандидирале за градоначалничките функции, а повеќе од 23.000 ќе се борат за околу 3.400 места во општинските совети.

Ако во некоја од општините ниту еден од кандидатите за градоначалник не успее да обезбеди најмалку 50 отсто плус еден глас, двајцата кандидати со најмногу гласови ќе се борат во вториот круг, кој ќе се одржи на 19 октомври.

Во 99 општини не се очекува втор круг од изборите, бидејќи за градоначалник претендираат само по еден или двајца кандидати.

На последните локални избори во Словенија пред четири години, 134 од вкупно 212 градоначалника беа избрани уште во првиот круг.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он