Во Словенија одредена минималната плата за студентите

Од:

Владата на Словенија и претставниците на студентските здруженија во земјата потпишаа документ со кој се регулира работата организирана преку студентските сервиси. Одреден е минималниот надоместок за еден час работа на студентите, а ним, според документот, ќе им се исплаќаат и придонеси за здравствено и за пензиско осигурување, пренесе радио МОФ.

Со ова, минималната студентска плата отсега ќе изнесува 3,8 евра за еден час (4,5 евра во бруто-износ). Работодавците ќе плаќаат 8,85 проценти од бруто-платата на студентите за пензиско осигурување, што е стимулација за компаниите, затоа што овој износ е меѓу најниските што треба да се плаќаат за сите групи работници.

Според словенечкиот премиер Миро Церар, документот кој е потпишан претставува голем чекор напред во регулирањето на привремената работа на студентите и е доказ дека дијалогот меѓу генерациите во земјата е изводлив и успешен.

Владата во Љубљана вчера ги продолжи мерките за стимулирање на компаниите што редовно вработуваат млади луѓе, врз основа на кои за една година работа добиле 2.500 млади луѓе.

 

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он