Во Словенија на 20 декември ќе се одржи референдум за истополовите бракови

Од:

Пратениците во словенечкиот Парламент денеска, на иницијатива на конзервативните групи кои имаат поддршка од католичката црква, донесоа одлука на 20 декември да се одржи референдум за истополовите бракови.

Групата „Децата се во прашање“ успеа да ги собере 40.000 потребни потписи за одржување на референдумот, пренесоа американските медиуми.

Оваа група се противи на законот усвоен претходно годинава, што бракот го дефинира како заедница меѓу две возрасни лица, кои во неа стапиле доброволно.

Конзервативците тврдат дека овој закон, исто така, на хомосексуалците им овозможува да посвојат деца.

Приврзаниците на овој закон тврдат дека за прашањата на човековите права не треба да се одлучува на референдум, но Уставниот суд пресуди дека референдумот, сепак, треба да се одржи.
Пратениците за датумот за одржување на референдумот одлучија со 69 гласа „за“ и 11 „против“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он