Во опожарен камион кај Бургас откриени 28 илегални мигранти

Од:

Бугарската полиција во еден опожарен камион од типот „Сканија“ во близина на бугарско-турската граница во реонот на Бургас, откри 28 илегални мигранти.

Како што јави БТА, камионот што превезувал чакал, се запалил на еден шумски пат во близина на пограничното село Резово.

Пожарот избувнал во возчката кабина на камионот и делумно ја оштетил каросеријата на возилото. По гаснењето на пожарот, полициските тимови под подот на каминот откриле специјално изработен бункер во кој биле сокриени мигрантите.

Полицијата соопшти дека мигрантите илегално влегле на територијата на Бугарија.

По избувнувањето на пожарот возачот на камионот побегнал од местот на настанот и полицијата трага по него.

Причините за пожарот засега на се познати.

Би можело да ве интересира

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов