Во објекти под опсада во Атина, пронајдени 269 бегалци и мигранти

Од:

Во новата акција на грчката полиција за празнење на објекти што се под опсада во центарот на Атина, утрово беа пронајдени 269 бегалци и мигранти, меѓу кои 98 деца.

Акцијата заврши без проблеми, а беше спроведена во два објекти што беа под опсада од 2016 година.

Како што соопштуваат од грчката полиција, во едниот објект биле пронајдени 90 лица од кои 36 деца, а едно лице било уапсено за поседување ножеви.

Во вториот објект имало 179 лица, меѓу кои 62 деца, а полицијата пронашла и два пиштоли за кои треба да провери дали се функционални или се реплика.

Пронајдените бегалци и мигранти со автобуси биле однесени во Дирекцијата за странски државјани за дополнителна проверка на нивните документи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе