Во Љубљана почна главното судско рочиште за најголемата здравствена афера во Словенија

Од:

Во Љубљана утрово почна главното судско рочиште против 11 лица и една компанија, кои се дел од најголемата здравствено-корупциска афера во Словенија. На првото рочиште кое се одржа во мај и јуни минатата година, сите обвинети вклучително и првообвинетиот доктор Зоран Милошевиќ се изјаснија за невини, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во обвинението кое е напишано на 500 страници се наведува дека обвинетите, на своите банкарски сметки во Словенија и странство, добивале пари со цел да фаворизираат една фирма од која нарачувале медицински материјал за потребите на јавното здравство. На тој начин, според Обвинителството, го оштетиле државниот буџет за 1.180.000 евра.

Во обвинението се наведува дека 11-те лица, вработени во здравството од кои најголем дел лекари, земале мито од пет до 20 отсто од вредноста на набавениот медицински материјал, а парите ги добивале на сметки, кои за таа намена биле отворени во Австрија, Германија и Хрватска.

Овие дејства се случиле во 2013 година, а тогаш при претресите на повеќе објакти меѓу кои и домовите на обвинетите, полицијата најде и конфискува голема сума пари и златни прачки.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он