Во Љубљана ќе се гради Исламски културен центар

Од:

Во Љубљана во текот на месецот ќе почне да се гради Исламски културен центар, за кој идејата е покрената уште во 1969 години.

Исламски културен центар ќе биде во централниот дел ан Љубљана на површина од околу 13.000 метри квадратни. Во комплексот ќе има џамија, образовен центар, станбен простор, спортска сала, ресторан и други објекти.

– На Љубљана и е потребен таков Центар со оглед на големиот број муслимани кој се зголемува, изјави секретарот на Исламската заедница во Словенија, Невзед Пориќ во Сараево.

Тој наведе дека според пописот од 2002 година во Словенија живеат околу 50.000 муслимани, но според податоците на словенечката Исламска заедница во државата има речиси двојно повеќе, од кои 40 проценти живеат во Љубљана.

– Тоа ќе биде прв исламски центар, но втора џамија во Словенија, со оглед дека првата ја изградиле бошњачките војници во Првата светска војна, но по војната е урната, посочи Пориќ.

Тој додаде дека изградбата нма центарот би чинела околу 35 милиони евра, а досега биле потрошени осум милиони евра за купување на плац и на дозволи.

– Изградбата на Исламски културен центар е доказ за заедништвото и почитувањето на различностите, наведе градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он