Во камион во Грција пронајдени 41 нелегален мигрант

Од:

На автопат во близина на градот Ксанти во североисточниот дел на Грција, при контрола на камион, грчката полиција пронашла скриени 41 мигрант, а дел од нив имале проблеми со дишењето.

Според грчките медиуми, полицијата го уапсила возачот кој е државјанин на Грузија, а дел од мигрантите биле пренесени во болница, но никој не е во животна опасност.

Повикувајќи се на полициски извори, грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека условите во камионот биле особено лоши, бидејќи немал доволно воздух, а мигрантите можеби и немало да преживеат до Солун што била и нивната крајна дестинација.

Сите 41 мигрант се мажи, рекле дека се од Авганистан, а се на возраст од 20 до 30 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе