Во Белград демонстрирале руски паравоени сили Вагнер, тврди функционер од партијата на Вучиќ

Од:

Членот на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС), Драган Шормаз, изјави дека во демонстрациите во летото 2020 година во Белград учествувале припадници на руската паравоена формација Вагнер, јави дописникот на МИА од Белград.

-Учествуваа членови на Вагнер… што е факт, бидејќи ги апсевме, изјави Шормаз во интервју за дневниот весник „Данас“.

Демонстрациите во Белград во 2020 година, со полициско насилство и немири на улиците на Белград и неколку други градови, започнаа во јули – откако српскиот претседател Александар Вучиќ најави повторно воведување полициски час поради зголемениот број на заразени со вирусот Ковид 19.

Шормаз истакна дека тоа му кажува дека „голем број дипломати во руската амбасада се вклучени во акции против интересите на Србија“.

-Нашите служби имаат податоци за тоа и лесно би било да се реагира и по тоа прашање, додаде членот на главниот одбор на владејачката Српска напредна партија.

Групата Вагнер, која е приватна воена компанија, односно паравоена формација, Европската унија на 13 декември 2021 година ја стави на листата на санкции.

Според Шормаз, во интерес на Србија е да воведе санкции кон Русија.

-Србија мора да биде дел од модерен, слободен, демократски, технолошки напреден евроатлантски свет. Сè друго е лага и измама. Граѓаните ќе разберат, кажа Шормаз, додавајќи дека се прави избор „меѓу нашето место во Европа и азискиот деспотизам во кој доминира заостанатоста и сиромаштијата“.

Тој нагласи дека следната влада на Србија мора да биде проевропска и дека „единствената нормална политика за Србија е политиката на брзи евроатлански интеграции“.

Шормаз оцени дека во таква влада „немаат место“ Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ и Движењето на социјалистите“ на Александар Вулин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија