Влада на Косово: Масовен хакерски напад од Србија, БиХ и Македонија врз државните институции

Од:

Косовската Влада тврди дека врз институциите во земјата денеска е извршен масовен хакерски напад, кој доаѓа од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, при што целосно е хакиран системот на електронската пошта.

Порталот „Газета Ексрепс“ објави писмо кое Владата во Приштина го испратила до амбасадите на Косово во кое ги информира за нападот и изразува стравување дека тој може да се прошири и понатаму.

– Ве информираме дека денеска од 10:00 часот имаме голем кибер-напад кој продолжува и понатаму. Нападот е мошне организиран и доаѓа од Србија и Босна и Херцеговина, а додека ова ви го пишуваме започна и од Македонија, се вели во информацијата која порталот тврди дека ја добил од извори во Владата.

Цел на нападот се комуникациите преку електронска пошта на државните претставници и на институциите на Косово, а намерата е да се оневозможи нивната меѓусебна комуникација.

Владата, заедно со Агенцијата за информатичко општество и Отсекот за кибернетички криминал во Полицијата на Косово, презема дејствија за одржување во функција на електронската пошта, се вели во соопштението, во кое се изразува стравување дека нападот може да се прошири и на другите електронски услуги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ