(ВИДЕО) Вучиќ: Син ми рече дека ќе се убие поради заканите на „Фејсбук“

Од:

Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ изјави вчера дека неговиот петнаесетгодишен син плаче и зборува како ќе се убие поради закани кои што ги добива на „Фејсбук“.

-Немам зборови со кои да го опшам тоа како син ми вчера ми кажа дека ќе се убие поради закани на „Фејсбук“. И јас сум за тоа виновен? Поради тоа што се борев за Србите на Косово?

– Поради тоа што не дадов да влезе точката 14, која предвидува стол во ОН? Поради тоа што не сакав да прифатам она што го бараа? Дали поради тоа треба на нашите деца да им се праќаат такви пораки? –изјави тој.


Тој нагласи дека такви пораки никој нема да праќа веќе ниту на едно дете и дека лошата Србија, нема да ја победи нормалната и пристојаната.

За потсетување на премиерот на Србија Ивица Дачиќ и потпретседателот на владата Вучиќ пред неколку дена им стигнаа пораки во кои со смрт им се закануваат поради договорот со Приштина, кој е постигнат во Брисел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија