ВИДЕО: Вучиќ пред Вархеји ги отфрли сите замерки на Брисел околу неговото владеење

Од:

Во серија долги монолози на прес-конференцијата по средбата со Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ на ироничен начин рече дека од Брисел „му нашле грешки“, кои тој „ги прифаќа и дека е одговорен за нив“.

Вархеји на Вучиќ му ги пренел забелешките од Брисел околу методите на владеење и генералната состојба на демократијата во Србија, нотирани и во годинешниот извештај на Европската комисија за Србија.

Одговарајќи на новинарските прашања, српскиот претседател надолго и нашироко, како на суд, ги оправдуваше една по една сите постапки и политики на неговата власт за кои рече дека реагирале од ЕУ.

-Замерките кон мене се дека сум виновен што воведов строг полициски час за време на пандемијата, прекумерната употреба на сила за време на протестите пред српското собрание, виновен сум за односите со Русија и Кина, набавката на воениот систем Панцир, за друго, за користење на претседателската функција на изборите и за состојба со демократијата во Србија, јас сум за се виновен, а сега јас ќе се потрудам да набавам беспилотно летало од една проблематична земја, рече Вучиќ.

Еврокомесарот Вархеји не говореше на оваа тема, но посочи дека „ја охрабрува владата да спроведе реформи, кои треба да одат паралелно со најавениот инвестициским план на ЕУ“.

-Ја истакнуваме важноста на владеењето на правото и подготвени сме за ангажман да ја забрзаме работата на владата, за да можеме да отвориме нови поглавја со Србија на нејзиниот европски пат, изјави Вархеји.

Вучиќ им се заблагодари на европските даночни обврзници за најавената помош од Брисел и вети дека неговата влада ќе им се оддолжи со тоа што ќе ги забрза потребните реформи.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца