ВИДЕО: Во училиштата во Загреб почна тестирање за Ковид-19

Од:

Откако Градот Загреб неодамна понуди бесплатни антигенски тестови за коронавирусот, денеска властите во хрватскиот главен град отидоа чекор понапред и започнаа со спроведување тестови на учениците во основни и средни училишта, за да се утврди колку вирусот е присутен кај таа популација.

Во прашање е пилот-истражување во чии рамки ќе бидат тестирани и вработените во училиштата, велат здравствените власти.

„Ќе се спроведе тестирање во 15 одбрани училишта, осум основни и седум средни, а планирано е вкупно да се тестираат 180 ученици од различни класови, за да се добие различна возрасна структура, секако со претходна писмена согласност од родителите. Ќе бидат тестирани и 20 вработени кои работат со децата,“ изјави Ива Милардовиќ Штимац од Одделот за образование на Загреб.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари