ВИДЕО: Во Нови Сад претставена првата полициска патрола на велосипеди

Од:

Првата полициска патрола на велосипеди, која ќе биде во рамки на Полициската управа во Нови Сад, беше претставена денеска пред влезот на новосадскиот базен Штранд, јави Танјуг.


Овие полицајци веќе добија и прекар – бајкани. Со тоа Нови Сад доби прва полициска велосипедска патрола која брои два члена и до почетокот на следната година ќе бидат формирани уште девет такви патроли.


Вакви патроли ќе бидат формирани и во други градови од Србија. Член на велосипедската полициска патрола изјави дека таа многу ќе придонесе за зголемување на безбедноста бидејќи полицијата побрзо ќе стигнува на местото на настанот, особено на тешко пристапни локации.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија