ВИДЕО: Влезот на американската амбасада во Атина во пламен, големи протести во Грција организирани од Анархистите

Од:

Во знак на поддршка на демонстрациите во САД поради смртта на Џорџ Флојд, анархистичките, левичарските и антирасистичките здруженија во државата излегоа на протест.

Инцидентите се случија пред американската амбасада што беше и крајната дестинација на протестот.

Дел од демонстрантите, млади маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни предмети, на што специјалните полициски единици одговорија со солзавец.

Инцидентите траеа кусо, по што ситуацијата се смири.

Амбасадата на САД во Атина беше под силно полициско обезбедување и во неа нема повредени.

Протестот започна од пред грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски