На социјалните мрежи кружи видео од Техничкото училиште во српскиот град Трстеник, град во централна Србија.
Užas u Trsteniku, maltretiraju nastavnicu i izmiču joj stolicu. pic.twitter.com/zLKDe2KXuB
— krunskisvedok (@noviput) November 16, 2022
Имено, како што може да се види на видеото кое го објави Блиц, за време на часовите додека разговараат со професорката, учениците го извлекуваат столот на кој таа седи, па жената завршува на подот од училницата.
На видеото се слушаат учениците како се смеат. Пред тоа професорката рекла дека е некултурно да се стои зад нечив грб. Имено, ученикот кој го извлекол столот цело време стоел зад грбот на наставничката зад нејзиното биро.
Друг студент снимал се со мобилен телефон, а третиот го објавил на мрежите. Против тројца ученици е поведена дисциплинска постапка.
Како што изјави за РТС, Милан Глиџиќ, директор на Техничкото училиште, инцидентот се случил во училница каде што нема безбедносни камери, за што се информирани надлежните органи, но и родителите на учениците.
Ги презедовме сите законски мерки, ги информиравме сите потребни институции и училишната управа“, рече директорот.