(ВИДЕО) Третиот мост на Босфор пуштен во употреба

Од:

Во Истанбул денеска свечено е отворен и пуштен во употреба третиот мост преку Босфор „Јавуз Султан Селим“, наречен по султан од 16. век, а со кој по третпат се поврзуваат Европа и Азија.

Според турските власти, тоа е најдолгиот висечки мост со железнички систем во светот. Долг е 1,4 километри, широк 59 метри и ќе има осум сообраќајни ленти и двонасочна железничка пруга. Изградбата чинеше 900 милиони евра. Пилоните на мостот високи се 323 метри, што ги става во рангот на Ајфеловата кула (324 метри).

Се очекува мостот да го намали сообраќајниот метеж во Истанбул и да го олесни проблемот со загадувањето на воздухот во градот. Дневно ќе го преминуваат околу 135.000 автомобили. Мостарината за автомобилите кои ќе минуваат од европска кон азиска страна ќе изнесува три евра, а во обратен правец нема да се наплатува.

– Мостот за 30 отсто ќе го намали сообраќајот во Истанбул и ќе го ублажи притисокот на другите два моста – изјави турскиот министер за сообраќај Ахмет Арслан.

Мостот, познат и како турски Голден гејт, е четвртиот највисок висечки мост во светот.

На свеченото отворање на мостот присуствуваше македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како и бројни државни претставници, меѓу кои претседавачот со претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал Калифа.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски