ВИДЕО: Шест ранети Албанци во престрелка на границата на Србија со Косово

Од:

Најмалку шест Албанци се ранети синоќа во оружен судир со припадници на српската жандармерија на границата меѓу Србија и Косово.

bratislavdikic

До судирот дошло, како што јави РТС кога група Албанци кои минале од Косово за нелегално сечење шума, со автоматско оружје нападнале патрола на жандармеријата во реонот на куршумлиското село Боровац.

– Група Албанци со автоматско оружје ја нападна патролата на жандармеријата на територија на Србија во атар на селото Боровац, изјави командантот на жандармеријата Братислав Дикиќ.

Тој додаде дека нема повредени во нивната патрола.

Припадниците на жандармеријата по престрелката што траела половина час, ја блокирале границата со Косово во тој реон. Косовски медиуми јавуваат за четворица ранети во престрелката.

Во изминатите десетина дена тоа е трет оружен инцидент во тоа село.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски