ВИДЕО: Револтирани граѓани пред Инфективната клиника во Тирана бараат информации за нивните блиски

Од:

По поплаките и изразеното незадоволство на семејствата кои имаат свои членови што се лекуваат од Ковид-19 во Инфективната клиника во Тирана, за кои немале информации речиси два дена, реагираше албанскиот претседател Илир Мета кој побара итна соодветна реакција и достоинствено нивно третирање.

„Вознемирувачките фотографии објавени денес во медиумите за бројни собири пред Болницата за инфективни болести во Тирана бараат итна реакција. Семејствата на граѓаните погодени од Ковид-19 заслужуваат да бидат достоинствено третирани и да бидат информирани со целосна транспарентност за здравјето на нивните најблиски, на кои им посакувам брзо закрепнување, стои во реакцијата на Мета.

Видно вознемирени и разочарани, како што велат самите, од односот на персоналот на болницата кој одбива да даде информации за нивните најблиски, тие во поголем број се собраа пред оградата на Инфективната клиника.

Познатиот албански инфектолог и еден од најценетите лекари во земјата Пелумб Пиперо, им даде соодветни информации и објаснувања, барајќи од нив разбирање, поради преангажираноста на здравствениот кадар.

Претходно по низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата, Мета ја изнесе сопствената загриженост за влошената состојба и побара од Владата да го зголеми буџетот за здравствениот сектор, итно преземање на сите потребни мерки и зголемување на болничките капацитети за интензивна терапија, набавка на потребните апарати и преземање на се што е неопходно за третирање на заболените од коронавирус.

-Ништо не е поважно од животот на граѓаните, порача Мета.

Во Албанија и во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на новозаразени со Ковид-19.Новозарзени се 127 а почнале шест лица.

Би можело да ве интересира

Црна Гора е најголемото жариште на Ковид-19 на Балканот

А1он

Ќе се апсат оние кои поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“ во Грција

Ана Ололовска

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Ана Ололовска

204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Ана Ололовска

Јапонската компанија Фуџифилм има лек со кој се крати лекувањето од Ковид-19

Ана Ололовска

Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители

Ана Ололовска