Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Од:

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, објави четири фотографии од проектите што ќе ги реализира во Србија и Албанија, откако ја најави својата инвестиција во недвижен имот на Балканот.

Според досегашните информации, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп сака да инвестира во два проекта.

Во најавената голема инвестиција на Балканот, планира да инвестира милиони во Србија и Албанија.

Едната инвестиција се однесува на развој на остров во близина на брегот на Албанија, додека другиот проект се однесува на луксузен хотел во Србија, кој ќе се состои од 15.000 станбени единици.

Драго ми е што можам да ги споделам концептите за развој на проекти што ги создадовме за албанското крајбрежје и центарот на Белград“, напиша Кушнер на социјалната мрежа Икс.

Детали од проектот се објавени во напис во Њујорк тајмс, а ги откри и српскиот претставник Александар Јовановиќ, кој рече дека министер во Владата на Србија е задолжен за потпишување меморандум за разбирање со две компании поврзани со Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Земјотрес во Србија

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Земјотрес кај Чачак