(ВИДЕО) Пукање на универзитет во центарот на Прага, има мртви и ранети, полицијата го уби напаѓачот

Од:

Денеска на универзитет во центарот на Прага се случи вооружен инцидент во кој има мртви и ранети, соопшти чешката полиција. Пукањето се случило на Филозофскиот факултет на Универзитетот Чарлс, што го потврдила и портпаролката на тој факултет.

Според агенцијата Aktu.cz, напаѓачот користел оружје со оптика. .

На терен се бројни спасувачки екипи.

„Апелираме до граѓаните да не престојуваат во непосредна близина и да не ги напуштаат своите домови. Интервенцијата на полицијата продолжува“, апелира полицијата.

Полицијата на мрежата Х објави дека напаѓачот е елиминиран. Како што информираа, неколкумина се мртви, а десетици се ранети. Зградата на факултетот се евакуира.

Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека „имало многу пукање“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов