ВИДЕО: Пукање на административната граница меѓу Србија и Косово

Од:

Припадници на српската полиција се судрија со вооружени Албанци кои краделе дрвја во атарот на селото Боровац, кое се наоѓа на административната линија со Косово, пренесе Б92.

bratislavdikicНајмалку двајца Албанци се ранети на административната линија со Косово во селото Боровац, во вооружен судир со припадниците на полицијата, изјави командантот Братислав Дикиќ.

„Група Албанци со автоматско оружје ја нападна патролата на територија на Србија, во атарот на селото Боровац“, изјави Дикиќ за Бета.

Двајцата ранети Албанци се префрлени во болница во Приштина.

Дикиќ се сомнева дека има уште ранети Албанци кои се кријат во шумите.

„Ако ги пронајдеме вечерва ќе им укажеме медицинска помош“, додаде командантот.

Косовската полиција го потврдила инцидентот не прецизирајќи детали, додека приштинските медиуми пренесува дека четири лица се префрлени во болница.

Според тврдењата на мештаните, вооружена група Албанци, ја поминала административната граница и во атарот на селото Боровац се обидела илегално да сече дрвја.

Припадниците на полицијата ја блокираа административната граница по инцидентот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски