(ВИДЕО) Незапамтено невреме ја погоди западна Србија: Ужице под вода, Прибој парализиран

Од:

Невидено невреме во попладневните часови ја погоди западна Србија. Големи количества врнежи ги поплавија улиците во Ужице и Прибој, а водата целосно полави локален пат кај Крагуевац.

Две улици во централниот дел на Ужице се под вода, поради што се поплавени станбени и деловни простории во повеќе згради.

Невидени проблеми предизвика Коштичкиот поток кој се излеа по силниот дожд кој паѓаше повеќе од два часа.

Како што претпоставуваат жителите на овој дел на Ужице, делот од потокот кој е преграден е блокиран и прелеан со вода што потокот не можел да ја прими. Во поплавените објекти е причинета и значителна материјална штета.

Поради обилните врнежи од коритото се излеа Волујачки поток, притока на Џетиња, која за кратко време стана вистинска незауздана река. Водата се излеа по имоти, патишта, а според сведоштвата на дел од жителите влегла и во нивните дворови и згради.

„За помалку од половина час се беше под вода. Обилните дождови и слабите сливници доведоа до поплавување на сите раскрсници во градот. На главниот паркинг помеѓу три солитери се формираше големо езеро и сите паркирани возила се најдоа во вода. Луѓето не можат да дојдат до нив“, вели за РИНУ Драган Матовиќ од Прибој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ