ВИДЕО: „Немој да ти залепам шамар“ – нова кавга за заштитна маска, овој пат во Белград

Од:

Уште една расправија за неносење заштитна маска во јавниот превоз е снимена во Белград, а во неа учествуваа возач на тролејбус во српскиот главен град и момче кое одбивало да стави маска во возилото.

На снимката се гледа како возачот го запира тролејбусот и тргнува кон местото на младиот човек во задниот дел, за да му укаже да ја стави маската или да го напушти возилото. Малкуо недостасуваше вербалниот конфликт да прерасне во физички.

Белград е најголемото жариште на Ковид-19 во Србија, а повеќе од половина од активните случаи на болеста во моментов се во главниот град. Србија деновиве бележи рекордни цифри на новозаразени, од преку 1.200 на ден.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов