ВИДЕО: Немири во Цетиње, има повредени, дел од свештенството вратено во Подгорица

Од:

Конфликти во Црна Гора во пресрет на устоличувањето на митрополитот црногорски-приморски Јоаникије.

Најмалку четири лица беа повредени кога група демонстранти, кои се противат на устоличувањето, утрово неколку пати ја нападнаа полицијата на Цетиње.

Според првите информации, сите се полесно повредени и пуштени се на домашно лекување.

Летаа молотови коктели, петарди, шишиња, а полицијата на нападите одговори со солзавец. Според српските медиуми, во Подгорица се забележани помали инциденти кај автобусот што треба да пренесе дел од свештенството до Цетиње.

Дел од свештенството тргна кон Цетиње, но набрзо се вратија во Подгорица.

Од вчера попладне, сите патишта кон Цетиње се блокирани, а како што пренесува „Вијести“, полицијата им даде рок на демонстрантите на барикадите да се разотидат.

Демонстрантите одговорија со навреди и пцовки.

На Цетиње е полно со полиција, која се обидува да ги спречи демонстрантите да се приближат до манастирот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора